Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година

25 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Русија од ден на ден го тероризира украинскиот народ со своите бомбардирања. Оние кои бегаат од руската агресија можат да продолжат да сметаат на нашата солидарност, изјави белгиската државна секретарка за бегалци и миграција Никол де Море, која претседава со преговорите за продолжување на мерката.

Украинците кои побегнаа во ЕУ по руската инвазија во 2022 година, беа под итна заштита откако неколку земји-членки на ЕУ воспоставија режими за привремен прием за големи маси луѓе. Постојните планови обезбедуваа заштита до март 2025 година.

Предлогот има за цел да се избегнат долгите национални процедури за азил при обработката на случаите на голем број раселени лица. Луѓето под привремена заштита имаат право на социјална помош, засолниште, пристап до образование и работна дозвола меѓу другото.

Европска комисија објави дека речиси 4,2 милиони Украинци во моментов живеат во ЕУ според овие правила, а најголемиот број луѓе се примени во Германија – 1,2 милиони. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ