Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ердоган: Многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата

25 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„На прво место, САД не сакаат да ја видат Украина како членка на НАТО. Многу други земји-членки на НАТО, исто така, не сакаат Украина да се приклучи на алијансата. Со оглед на тие факти, тој процес не треба да се избрзува“, рече Ердоган.

„Кога носиме одлуки, секогаш го земаме предвид ставот на другите земји-членки на НАТО. Разговараме за можните прашања на преговарачка маса и соодветно ја донесуваме конечната одлука“.

Тој посочи дека позицијата на другите земји-членки на НАТО ќе му биде важна кога ќе го разгледа прашањето за прием на Украина во алијансата.

Турскиот лидер додаде дека Анкара не донела конечна одлука за тоа прашање. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ