23-годишно
момче загина, а тројца момчиња на возраст од 20 и 22 години се ранети во
нападот што се случи вечерва околу 1 часот по полноќ кај манастирот Свети тројца архијереи
во Иеуд, Романија. Според локалните медиуми, неколку млади момчиња од засега
непознати причини се судриле на влезот во манастирот.
Полицијата
добила повик во 01:01 часот, а кога пристигнала на местото на настанот
затекнала четворица млади момчиња облеани во крв. Еден починал од повредите.
Според неофицијални информации, во врска со овој инцидент полицијата привела
три лица, но сè уште трага по уште едно лице.
Според
локалните медиуми, во конфликтот учествувале неколку млади момчиња, вербалниот
конфликт прераснал во физички, а потоа едно младо момче извадил нож и почнал да
ги боде сите по ред.
„На 5
јануари во 01:01 часот добивме пријава дека во напад во Иеуд се повредени
четворица млади. Нашите патроли веднаш излегоа на лице место и ги идентификуваа
жртвите. Сите се здобија со повреди предизвикани од остар предмет. Тројца млади
на возраст од 20 и 22 години се здобиле со убодни рани, а четвртиот млад
23-годишен им подлегнал на повредите“, кратко соопшти полицијата.
Извор од
истрагата изјави дека тројца осомничени се идентификувани и приведени, додека
четвртиот сè уште не е идентификуван и се трага.
„Истрагата
е во тек“, кусо додаваат од полицијата.
Во текот на
ноќта на излезите од Иеуд беа стационирани патроли, кои запираа автомобили и ги
проверуваа возачите.