Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Драматични снимки од поплавите во Јапонија- загинаа најмалку шест лица (ВИДЕО)

23 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Градовите Ваџима и Сузу, кои сè уште се опоравуваат од разорниот земјотрес што ја погоди областа на 1 јануари, беа меѓу најтешко погодените од поплавите. Вчера и двата града забележаа двојно повеќе врнежи од вообичаеното за септември, објавија локалните медиуми, пренесува Би-би-си.

Десетици реки се излеаја од коритата, отсекувајќи ги патиштата и изолирајќи повеќе од 100 заедници низ префектурата, се вели во извештаите. Околу 4.000 домаќинства останаа денеска без струја, според „Хокурику електрик пауер“.

Две мртви лица се пронајдени во близина на тунелот погоден од одронот во Ваџима. Еден од нив бил градежен работник кој вршел поправки на патишта.

Меѓу другите жртви се двајца постари мажи и една постара жена, објави The Japan Times, повикувајќи се на локалните власти.

Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко ниво на предупредување опасно по живот за Ишикава во саботата и го намали на нормално предупредување вчера. Сепак, властите повикаа на дополнителна претпазливост.

Поплавите ги преплавија привремените населби изградени за луѓето кои ги загубија своите домови во земјотресот на Нова година. Снимките што ги објави локалната телевизија ја прикажуваат целата улица во Ваздима под вода.

Регионот сè уште се опоравува од силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени во јануари, во кој загинаа најмалку 236 луѓе, се урнаа згради и беше предизвикан огромен пожар.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ