Според полицијата, делото се случило во понеделникот вечерта. Наводно, жената неколку пати паднала пред 34-годишниот маж, кој секој пат ѝ помагал да стане.
Исто така, се наведува дека ја допирал под костимот, односно традиционалното здолниште и извршил сексуални дејствија врз неа, пишува Билд.
Младата жена од Велика Британија ѝ се обратила на пријателката со која била на Октоберфест. Заедно отишле и случајот го пријавиле кај надлежните.
По пријавата, полицијата брзо го уапсила 34-годишниот осомничен, по потекло од Романија, без постојана адреса во Германија.
Тој е уапсен за време на фестивалот Октоберфест и е во притвор.