Членови на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) во југозападниот германски град Карлсруе им делеа илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација во нивната „безбедна земја на потекло“.
„Убаво е и во твојата татковина!“, пишувало на флаерите со кои е означен датумот на заминување на 23 февруари, кога во Германија се одржуваат предвремени парламентарни избори, објави „Политико“.
За време на партиската конвенција викендот, кандидатот за канцелар на АфД, Алис Вајдел, рече дека партијата ќе изврши „големи репатријации“ доколку дојде на власт.
„Ако тоа се нарекува ремиграција, тогаш тоа се нарекува само ремиграција“, рече Вајдел со аплауз, користејќи еуфемизам за масовни депортации што некогаш го користеа само најрадикалните членови на партијата.
„Само ремиграцијата може да ја спаси Германија“, пишува на лажните авионски билети, може да се види на сликата што ја сподели АфД на социјалните мрежи.
Полицијата го истражува инцидентот како можен случај на поттикнување омраза, извести јавниот сервис SWR. Телевизијата објави и дека во населбите со голем број мигранти се делеле лажни билети. Партијата, сепак, негираше дека конкретно таргетирала мигрантски населби. Политичките лидери во Германија го критикуваа потегот на AfD во Карлсруе.
„Никој нема да дојде во Германија ако има чувство дека тука владее расизмот, а тоа е чист расизам“, изјави кандидатот за канцелар на Зелените, Роберт Хабек.
Германската федерална разузнавачка агенција ја класифицира АфД како потенцијална екстремистичка организација. И покрај ова, партијата моментално е на второто место по поддршка од гласачите низ целата земја.