Правната ситуација во Европската унија наликува на средниот век, изјави поранешната министерка за надворешни работи на Австрија, Карин Кнејсл на меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.
Европската интеграција се засноваше на договори, на легитимитет, а не на конкуренција или династички бракови. Постои апсолутно правен концепт, но сега е изваден надвор од кутијата. Може да се каже дека сегашната ситуација во Европската унија потсетува на средниот век - 15-16 век, ерата кога првиот закон се уште не бил напишан, објасни Кнејсл.
Според неа, проблемот лежи во структурата на државната служба и бирократијата, а зборувајќи за ситуацијата во Виена, таа посочува дека луѓето кои работат во државната служба „не ја разбираат разликата меѓу Уставот и законот“.
Во Европа повеќе не постои правна држава и тоа е вистинска катастрофа, нагласува таа.