Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско
потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу
30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани
надзори. Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување
поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се и
приближно 300 парични казни.
Анализите на податоците за спроведените надзори во 2024
година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ги евалуира во првите
месеци од годинава. Тие<span style="mso-spacerun:yes"> </span>ќе ја дадат и
точната бројка – колку вкупно контроли спровеле официјалните ветеринари и
инспекторите за храна во внатрешниот промет и при увоз.
Како што велат за МИА од АХВ, досега реализираните контроли
во внатрешниот промет и при увоз, 117 465, ветуваат дека не само што ќе се
достигнат, туку и ќе се надминат спроведените 125 909 контроли во 2023 година
на операторите со храна во земјава и на пратки што се увезуваат и транзитираат
низ државава.
Во втората половина од 2024 година, Агенцијата за храна и
ветеринарство ги интензивираше вонредните инспекциски контроли, ставајќи акцент
на контролите кои ги спроведе кај операторите со храна кои работат со ранливите
категории граѓани: игротеки, домови за стари лица, кујни во градинки и основни
и специјални училишта, пазари за стари работи, но и во угостителски објекти.
– При увоз на храна од неживотинско потекло се реализирани
44 137 инспекциски надзори, а при увоз на производи и материјали кои доаѓаат во
контакт со храната, 10 352. Инспекторите за храна на граничните премини како
небезбедни, вратиле/уништиле седум пратки со над 74 тони небезбедна храна од
неживотинско потекло, истакнуваат од АХВ.