Честитки за Снежана Лупевска, директорка во Телма ТВ, да го најде, да разговара и да се фотографира со најбараниот криминалец на светот во моментов, кој потекнува од Македонија.
И тој, како и сите криминалци од Македонија, вклучително и Зоран Заев, си купија слобода во Дубаи.
Честитки и до правосудниот систем на Македонија со 0,02% ослобободителни пресуди кои му овозможија да позира од Дубаи.
Ова е уште една тажна приказна од Македонија и нејзиниот правосуден систем.
Белосветските криминалци уживаат на слобода и прават зулуми за државите од каде потекнуваат.
Во јули оваа година, петмина членови на криминалната група Дуќанџик/Грчец беа обвинети за трговија со кокаин и двојно убиство. Како водач на групата беше посочен Шеваљ Муареми, кој е прогласен за бегалец и се бара со меѓународна потерница. Според неофицијални информации, тој се наоѓа во Дубаи.
Екипата на<span> </span><a href="https://telma.com.mk/2024/12/01/muaremi-za-kod-me-obvinuvaat-za-trgovija-so-droga-i-za-ubistvo-a-nema-dokazi-protiv-mene/" target="_blank">КОД</a>, која првично објави за неговото бегство, успеа да стапи во контакт со Муареми. Тој, преку неформален разговор, тврди дека против него нема цврсти докази.
Муареми одби да даде изјава пред камера, но разговараше со новинарката Снежана Лупевска, со која и се фотографираше. Во разговорот, Муареми изјави дека моментално работи во компанија за компјутери.
Тој тврди дека заминал во Дубаи шест месеци пред да биде распишана потерницата за него. Муареми објасни дека престојува во вила заедно со свој пријател од Албанија и дека неговата работа во технолошката компанија му обезбедува стабилни приходи.