Премиериот на македонската влада Христијан Мицкоски денеска
заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ја посетија машката сениорска
ракометна репрезентација во пресрет на подготовките за Светското првенство во
Хрватска, Данска и Норвешка.
Тие имаа можност да поразговараат со играчите и селекторот
Кирил Лазаров и притоа им посакаа успех на престојниот мундијал на кој ние во
првата фаза имаме средби со <span style="mso-spacerun:yes"> </span>Холандија,
Унгарија и Гвинеја.
Воедно селекторот Лазаров во знак на благодарност за поддршката
му подарил персонализиран дрес на премиерот Мицкоски.
Работниот дел од денот го завршив на тренинг заедно со Борко
Ристовски, раководството на ракометната федерација на Македонија, стручниот
штаб на ракометната репрезентација и македонските лавови, ракометни
репрезентативци. Последните тактики и насоки од Кире прават невозможното да
стане возможно. Овие момци ќе го остават срцето на терен. Тренингот заврши со
познатиот спортски поздрав…, за когоооо? За Македонијаааа. Среќно лавови,
напиша Мицкоски.