Димитар Ковачевски во изјава за <a href="https://mk.tv21.tv/kovachevski-za-tv21-rabotev-soglasno-zakonite-i-kako-premier-i-kako-zamenik-minister/">ТВ21 </a>денеска кажа дека
додека тој бил премиер, работел согласно законите, за информациите дека и
против него може да има кривична одговорност за незаконски дејствија во Државна
Лотарија.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
„Во однос на информациите кои се појавија, тоа се
информациите со кои јас располагам. Се надевам дека институциите, секој процес
ќе го водат на професионален начин. Во текот на моето работење и како премиер и
како заменик министер за финансии, сум се водел по законите, и немам на ниту
еден начин учествувано во работењето на било кое Јавно претпријатие или
Акционерско друштво. Моето цело работење е достапно на институциите“, изјави
Ковачевски<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Според
информацијата од Министерството доставена до медиумите, Ковачевски како
премиер, по претходен договор со Бајрами, на 8 март 2022 година, ја
злоупотребил службената положба, ја ставил на дневен ред и усвоил постапка за
основање на трговското друштво „Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО
Скопје“, иако знаел дека материјалите не се разгледуваат на седница согласно
Деловодникот за работа на Владата (член 68 став 1). Со ова, како што велат од
МВР, Ковачевски, овозможил друштвото да стекне право да приредува игри на среќа
без лиценца и на одговорните лица им овозможил противправна имотна корист од
8.598.000 денари</span>