Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во воздухопловната база Рамштајн во Германија, учествуваше на состанок на Контакт-групата за Украина, на кој за првпат учествуваше и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
-Заедно со останатите министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји уште еднаш ја потврдивме поддршката за Украина, во одбраната на својата независност, територијалниот интегритет и суверенитет. Остануваме посветени кон поддршката на Украина и украинските граѓани во напорите за заштита на нивната татковината,<span> </span>соопшти Мисајловски на социјалните мрежи.
На маргините на состанокот, Мисајловски остварил средби со неговите колеги од Бугарија, Албанија и Косово и со државниот секретар за одбрана и шеф на одделот за одбранбена политика, планирање и меѓународни односи на Романија на кои ја потврдиле заложбата за траен мир во Европа.