СДСМ денеска со
своето соопштение се нокаутира. Сакаме да ги потсетиме од СДС дека во самата
нивна Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година имаат
нотирано дека заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка
во земјоделството од 2020, 2021, 2022 и 2023 година се во износ од
3.349.462.340,00 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.
Оттаму потенцираа
декасето ова може да се пронајде во Службен весник, бр. 17 од 24.01.2024
година.
Ги советуваме СДС
да не се срамат повеќе, туку нека гледаат сега како работи Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство и нека учат како се работи. Веќе нема
да има незадоволни земјоделци. Ерата на лошо управување со Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство заврши, велат од партијата.
Од владата денеска
соопштија дека издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати
субвенции за земјоделците.
Над 9.000
земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето
производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата. Првата одлука
на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на
годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците, велат од Влада.
СДСМ пак и
реагираа на владата дека било лага дека
се исплаќаат субвенции од преходните 4 години.
Лага е дека ќе се
исплаќаат субвенции од претходните 4 години. Денес , со една милијарда од
ребалансот нема да се исплаќаат долгови за претходни години туку субвенции по
тековни барања од 2023 година, објавија од СДСМ.