Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од
капиталните инвестиции кои ќе ги реализира владата<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, вели премиерот Христијан Мицкоски при посетата
на Тутунски комбинат АД Прилеп.</span>
-Ние сме фокусирани на вистински капитални инвестиции. Тоа
го гледате и во општините и на терен, скоро бевме тука како би ја отпочнале
реализацијата за Коридорот 10д, кој автопатски ќе ги поврзе Прилеп и Битола. На
почетокот имавме дилема кој пат да го фатиме. Првиот пат беше да излеземе од
тој проект, а со тоа македонските граѓани да плаќаат стотици илјади евра пенали
поради катастрофалниот договор на претходната влада. Или второто беше да
работиме и да го забрзаме процесот и што побрзо да се реализира. Ние одлучивме
второто да го направиме, бидејќи сакаме да имаме автопати, тие се дел од нашата
програма и бевме свесни дека мора два пати повеќе да работиме за да можеме да
ја стигнеме динамиката, да го надоместиме тоа кое беше испуштено до претходната
влада<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, додаде премиерот</span>
-Сега веќе се работи на две секции од четирите, третата се
подготвува, за четвртата Требениште-Ќафасан имаме проблеми, бидејќи дел од
делницата е во периметар кој е заштитен од УНЕСКО, дел е во приватни парцели,
работиме и на тоа. Не работиме двапати побрзи чекори, направивме 4 пати побрзи
чекори. На потегот од Прилеп до Битола од 1200, 1300 парцели- 850 веќе се
решени, очекувам и другите. Армијата работи на деминирање, така што сите
капитални инвестиции се реализираат и за следната година во буџетот се предвидени
околу 50,5 милијарди денари.
Мицкоски подвлече дека за разлика од претходно, сега има
вистински реални капитални инвестиции и обзнани еден податок.
-До 24 јуни буџетскиот дефицит и реализираните капиталн
иинвестиции беа 3:1, 18 милијарди на 6 милијарди, заклучно со октомври
буџетскиот дефицит е под 24 милијарди, а капиталните инвестиции се околу 19
милијарди. До крајот на годината би требало да се спојат.