За неполни 6
месеци се отпочнати, завршени со преговори па одобрени или поставен е камен
темелник на 8 нови инвестиции, коишто се во вредност од над 700 милиони евра и
коишто ќе вработат потенцијално околу 2.800 македонски граѓани, изјави
премиерот Христијан Мицкоски по денешниот состанок на Советот на странски
инвеститори.
„Целта е годинава
да стигнеме до историските една милијарда странски директни инвестиции што
сметам дека е остварливо и по глава на жител да бидеме најдобри во регионот или
меѓу неколкуте водечки во Европа. На состанокот со Советот се разговараше и за
усогласување на глобалниот минимален данок.
Разговаравме за
единствената давачка за која во моментов размислуваме, давачката која треба да
се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен
данок. Мислам дека е фер и коректно за македонските граѓани, оние компании кои
тука реализираат профит, оние пет отсто повеќе од рамниот данок од десет отсто
да ги уплатат во нашиот Буџет, истакна премиерот.
Тој се осврна и
на домашните инвестиции. Потсети дека наскоро од денеска на македонските
компании ќе им бидат ставени на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот
кредит.
Претседателот на
Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо, ги пофали институциите дека
забележале прогрес во однос на идеите и забелешките што им биле дадени од
страна на бизнисот во изминатиот период. И тој го спомна усогласувањето на
глобалниот минимален данок, кој, рече, ќе афектира 50 компании во земјава.
– Ќе мора таа
регулатива да се адаптира со глобалната, подвлече Мизо и информира дека на
денешниот состанок во Владата станало збор и за усогласување на царинските
стапки и дополнителната хармонизација со царините во ЕУ, за Законот за странци,
за добивање работни дозволи, дозволи за престој и дигитализација на тој процес,
како и за воспоставување на глобалните меѓународните сметководствени стандарди.
На состанокот
биле присутни околу 50 компании од сите сектори.