Хрватскиот претседател
„неправедно“ кон официјално Скопје,
кое има исполнето бројни услови и дека се уште може да смета за цврстата
Мицкоски е во официјална посета на Хрватска, што е негова
прва странска посета по преземањето на функцијата. Една од главните теми на
разговорот меѓу Милановиќ и Мицкоски било членството на државата во Европската Унија, односно
пречките кои се уште стојат на патот на земјата кон полноправно членство во
европскиот блок, соопшти Кабинетот на претседателот.
„ЕУ нема чесен и фер пристап кон Северна Македонија“
„Европската унија е неправедна кон Северна Македонија.
Македонците досега исполнија бројни услови што им беа побарани за да ги
забрзаат преговорите и влезот во ЕУ, но и покрај тоа се уште се далеку од
членство. Сето ова покажува дека ЕУ нема чесен и фер пристап кон Северна
Македонија“, рече Милановиќ и нагласи дека Хрватска ќе продолжи цврсто да го
поддржува и да се залага за нејзиниот влез во ЕУ.
Со Мицкоски на средбата во Кабинетот на претседателот беа
министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски,
министерот за здравство Арбен Таравари, министерката за образование и наука
Весна Јаневска и други официјални претставници.
Мицкоски претходно се сретна со премиерот Андреј Пленковиќ.
Двете страни потпишаа програми за соработка во областа на образованието и
здравството.