За само 10 дена пуштаме во употреба уште еден експресен пат
и тоа е добро за Македонија, рече
директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски, денеска го започна својот
говор за време на свеченото пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново.
– За само 2 месеци, благодарение на Владата, успеавме да го
решиме проблемот и да ја откочиме реализацијата на овој значаен пат. Имавме
проблем со една огромна косина и со неасфалтиран дел, но успеавме да го решиме
проблемот и еве сега свечено го пуштаме во употреба експресниот пат. Направени
се косините, вертикалната и хоризонталната сигнализација. Овој пат е долг 15,5
километри, дополнително имаме уште 1 километар. Се поврзуваат Прилеп, Битола,
Ресен, Охрид. Овој пат ќе обезбеди побрзо и побезбедно движење. Сигурно ќе
прашате кога ќе бидат пуштени и останатите 9 километри, но јас ќе кажам дека
поради безбедносни причини, односно поради тоа што се работи за пат со многу
црни точки, неговото пуштање во употреба ќе биде одложено за неколку месеци.
Делницата
Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус 1 километар од делницата
Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.
Вредноста на
проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА
фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.
Делот што се
пушта во употреба содржи 3 клучки Градско, Росоман, Дреново, 4 вијадукти, 1
мост, 4 натпатници и 3 потпатници.