Не во Албанија, уште помалку во Косово. Бегалецот од правдата Артан Груби вчера веше во Вевчани. <a href="https://kurir.mk/vesti/makedonija/grubi-zaigra-fudbal-vo-vevchani/">И не се криеше туку играше фудбал,</a> арно ама како маскота за потсмев на Вевчанскиот карневал.
Очекувано, учесниците на Вевчанскиот карневал не пропуштија да се пошегуваат со првиот вицепремиер на Димитар Ковачевски и десна рака на Али Ахмети. Групната маска во која Артан Груби игра фудбалче со актовка на Лотарија на Македонија в рака беше една од најсмешните на карневалот.