На 22.12.2024 во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на улица „Поп Аврамија” во Прилеп било забележано едно лице како фрла експлозивна направа, при што настанала експлозија пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Л.(21) од Прилеп, информира МВР
Нема повредени лица.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.