<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Вевчанскиот
карневал кој традиционално се одржува со векови и меѓу другото важи карневал
каде дефилираат и сатирични маски не најде на разбирање кај ДУИ.</span>
Демократската унија за интеграција најостро го осудува, како
што велат, неприфатливиот чин на исмејување и сатиризирање на обидот за атентат
врз Зијадин Села, што се случило за време на Вевчанскиот карневал. Од
опозициската партија соопштуваат дека „ова е тешко нарушување на човечкото
достоинство и опасна провокација за мирот и социјалната стабилност“.
-Незамисливо е вака сериозен настан, кој шокираше многу
граѓани и зад себе остави сериозни последици по животот на поединци, да биде
искористен како предмет на потсмев и омраза на јавен настан. И покрај тоа што
овој чин се случи пред очите на институциите и јавноста, никој не реагираше, не
осуди, ниту презеде мерки за да се спречи нормализирање на омразата и
насилството.
Додека Албанците и другите етнички групи се казнуваат за
мирни и културни активности, одредени поединци во Вевчани го користат овој
карневал за да шират пораки за омраза и насилство. Ова е неприфатлива форма на
малтретирање и поттикнување на етнички и социјални поделби, велат од партијата
на Али Ахмети.
ДУИ бара итна и силна реакција од сите надлежни институции
за да се погрижат, како што наведуваат, ваквите грди дела да не се толерираат
ниту да останат неказнето.
-Не можеме да дозволиме омразата и насилството да бидат дел
од нашата општествена култура, ниту да се користат за политички цели или тесни
етнички чувства. Напротив, мораме да ги промовираме вредностите на соживот и
меѓусебното почитување, сите заедно посветени на еднакво и мирно општество,
стои во партиското соопштение.
https://vecer.mk/svet/doagaat-denovi-na-grmotevitsiНа 27 април 2017 година при упадот во Собранието, најтешко
повреден беше пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој имаше
отоци на мозокот од повредите и ударите што ги доби од демонстрантите кои го
влечеа низ собраниските ходници.