<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Јас како
Македонец немам право да одлучувам за албански прашања без Бадентерово
мнозинство, но вие како Албанец имате право да донесувате одлуки за македонски
прашања без Бадентерово мнозинство</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Тој што одземал
право во нашата држава е исклучиво вашата партија во најмалку два случаи, му
порача Илија Димовски на Фатмир Битиќи од СДСМ во нивното вчерашно соочување во
„Само вистина“.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Димовски
категорично се осврна на прашањата зошто Македонците чувствуваат дека државата
им е одземена и директно му се обрати на Битиќи.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Јас како
Македонец немам право да одлучувам за албански прашања без Бадентерово
мнозинство, но вие како Албанец имате право да донесувате одлуки за македонски
прашања без Бадентерово мнозинство. Тоа е разликата што беше злоуотребена, не
од Албанците, туку од СДСМ за да протуркаат и Преспански и Француски предлог и
потоа се чудите зошто граѓаните Македонци се чувствувале дека државата им била
одземена. Затоа што некој ги довел до ќош и им го одземал правото да одлучуваат
за себе. По Устав и по закон тој референдум е неуставен, не сакале Македонците
да се искажат, немаш право да промениш име, да натераш историска комисија да
разговара за идентитет и историја. За среќа, нити збориме дали Гегите и Тоските
имаат ист јазик, чиј е Хасан Приштина или Скендер Бег. Не дај Боже да ти се
случи на своја кожа, да ти мешаат дома тоа што си учел од дедовците и
прадедовците, му рече Димовски.</span>