И македонските стопанственици инвестираат во разни земји во светот. Секако, најмногу директни инвестиции од Македонија има во Европа. Според податоците од Народната банка, во третиот квартал од 2024-та инвестирани се 44,53 милиони евра, а проценката е дека во целата 2024-та година Македонците во странство инвестирале околу 120-130 милиони евра.
Вкупните директни инвестиции од почетокот на годинава, заклучно со септември се речиси 123 милиони евра. Македонските стопанственици најмногу инвестираат во Грција. Така, во првиот квартал од вкупно инвестираните 50,3 милиони евра, во Грција се инвестирани 11,8 милиони евра, во вториот квартал од вкупно инвестираните 28,18 милиони евра, во Грција се инвестирани 25,38 милиони евра, додека во третиот квартал грчкиот инвестициски удел е 15,41 милиони евра од вкупно инвестирани 44,43 милиони евра.
Податоците за третиот квартал од годинава покажуваат дека во 10 земји македонски стопанственици вложиле над милион евра.
Пребарувањето низ податоците што го направи порталот Пари покажува дека по Грција, на второ место е Обидинетото Кралство, се инвестира и во регионот, но на оваа листа на 10 земји во кои најмнoгу се инвестира е и Руската Федерација.