Натаму ТВ 21 истакнува: Засега од кабинетот на Гаши нема одговор дали тој ќе испрати допис до Комисијата, за да се констатира дека ѝ изгласана недоверба на Даути. Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат тој да го направи тоа тоа, односно да побара Комисијата за избори и именувања да ја спроведе постапката за разрешување на Даути. Од Европскиот фронт најавија дека до утре оваа коалиција ќе одржи состанок и ќе одлучи што ќе прав: дали Даути ќе остане претседателка на комисијата, или ќе предложат други кандидати за претседател на комисијата. Претседателот на Алијансата Зијадин Села изјави дека Даути ќе остане претседател на Комисијата.
ТВ Алсат објави: Иако претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека гласањето за отповикување на Илире Даути како претседател на Комисијата за социјална политика нема правна последица, според самата Илире Даути, таа била разрешена во моментот кога мнозинството во Собранието го изгласало заклучокот за нејзино отповикување, кога го прифатило барањето за интрерпелација. Во интервју за Алсат Даути изјави дека попрво би дала оставка, отколку да биде принудена да работи според диктат на Левица и да го стави на дневен ред предложениот закон за бранители.
„Испаѓа дека Илире Даути е должна да ја стави таа точка на дневен ред, ако сака да остане претседател на комисијата. Јас нема да го сторам тоа никогаш! Јас избирам и да не бидам претседателка на комисијата и воопшто да не се потчинам.“ – посочи Илире Даути,
Пратениците на Вреди не гласаа ниту за интерпелацијата, ниту за заклучокот за интерпелација. Но ова не е доволно за Илире Даути. Таа вели дека ако се искрени тогаш Гаши треба да покрене барање за поништување на заклучокот. „Да ја тестираме коалицијата Вреди дали беа искрени во својата помош и барање да биде претседателка на комисијата? Јас сум подготвена, но нека свика Африм Гаши пленарна седница, нека дојдат пратениците и нека гласаат токму за поништување на тој заклучок, кој го донесоа и нека гласаат за мене, за Илире Даути како претседателка на комисијата како слободна пратеничка, без диктат и без услови определени претходно.“ – рече Даути.
Во меѓувреме од Движењето ЗНАМ и СДСМ побараа од Европскиот фронт да предложи друг пратеник за претседател на Комисијата. Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави дека, ако треба да предложат друг кандидат за претседател на комисијата, ќе ја предложат повторно Илире Даути. – објави ТВ Алсат.