Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи, јавува <a href="https://plusinfo.mk/delovi-od-skop-e-i-makedoni-a-pod-opsada-polici-ata-lovi-chlenovi-na-nasilni-kriminalni-grupi/">Плусинфо.</a>
Во моментов забележливо е големо присуство на полициски сили во скопските општини Чаир и Арачиново, но и во други делови на Скопје.
Единиците на МВР се подготвени за бурна ноќ, бидејќи акцијата ќе се прошири и во други градови.
Повеќе детали МВР ќе соопшти во текот на утрешниот ден, понеделник.