Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Се појави тизер за новиот филм на Анџелина Џоли, што ја воодушеви публиката во Венеција (ВИДЕО)

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тоа е последниот дел од трилогијата биографски филмови за влијателни жени во режија на Пабло Ларен. Заедно со Марија, трилогијата се состои од филмовите Спенсер, за принцезата Дијана и Џеки, за Џеки Кенеди.

Најновиот филм на Ларен беше премиерно прикажан на 29 август оваа година на филмскиот фестивал во Венеција, каде што доби осумминутни овации. Сценариото за филмот го напиша Стивен Најт, креаторот на серијата Peaky Blinders.

Филмот е сместен во 1970-тите и ги прикажува последните денови од животот на еден од најпознатите оперски пејачки на сите времиња. Марија Калас почина од срцев удар на 53-годишна возраст.

Споредни улоги во филмот ги толкуваат Валерија Голино, Коди Смит-Мекфи, Халук Билгинер, Алба Рорвачер, Пјерфранческо Фавино, Џереми Вилер и Ребека Џонстон.

Тизерот за филмот Марија ги подели гледачите бидејќи некои фанови сметаат дека Џоли не е веродостојна во улогата на Марија Калас, додека друг дел тврдат дека таа заслужува Оскар за нејзината изведба.

„Ова изгледа прекрасно“, „Одличен тизер! Навистина навивам за Џоли“, „Мислам дека Анџелина Џоли ќе стане двократна оскаровка“, „Анџелина е уметник. Овој филм би можел да добие Оскар“, се некои од попозитивните коментари на социјалната мрежа Редит.

„Ќе го гледам ова за сетовите и костимите, но не верувам дека Џоли или филмот верно ќе ја прикажат Калас. Го мразам тој филм“, „Без навреда за фановите на Peaky Blinders, но ако Стивен Најт работи на ова, има 85% шанси филмот да биде ужасен или разочарувачки“, напишаа гледачите скептични за филмот.

Филмот Марија ќе се прикажува во одбрани кина од 27 ноември годинава, а на Нетфликс ќе биде достапен од 11 декември.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ