Целиот свет моментално зборува за нивната врска, додека тие се расправаат за тоа како да го распределат имотот.
Поп дивата избегнува рекламирање на оваа тема, а во екот на славата се повлече од социјалните мрежи, до сега кога изненади со објава.
Таа сподели селфи фотографија на Инстаграм и додека многумина мислат дека пејачката страда, таа никогаш не „грмела“ погласно!
Со средена коса, целосно нашминкана, Лопез позира пред камерата со „остар“ поглед, додека некој ја сликал од страна.
Џени изгледа никогаш подобро, па судејќи по објавата, би се рекло дека разводот позитивно се одразил на неа. Луѓето коментираат дека таа „процветала“ по разделбата од поранешниот сопруг.