Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Шакира се симна од сцената кога виде дека некој ја снима под фустанот (ВИДЕО)

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пејачката била во еден клуб во Мајами кога го отсвириле нејзиниот нов сингл Soltera, кој се очекува да излезе на крајот на годината. Кога била пуштена песната, Шакира се качила на сцената и танцувала во краток фустан.

Присутните во клубот веднаш ги вклучиле мобилните телефони за да ја снимат познатата пејачка. Меѓутоа, Шакира среде танц забележала дека некој ја снима премногу ниско, односно дека камерата е вперена под нејзиниот фустан.

Шакира почнала да го спушта фустанот надолу колку што може и ѝ рекла на личноста да ѝ го слика лицето, но набрзо нерасположена се симнала од сцената.

Бројни обожаватели на пејачката ја критикуваат личноста која се однесувала така.

„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ни да ужива да танцува на нејзината песна“, „Кој ја снимал вака нека биде уапсен“, „Ова е повеќе од одвратно. Шакира е апсолутно во право што си замина, не треба да се третира со вакво непочитување“, се дел од коментарите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ