Една од легендите на македонската народна музика пејачката Анка Гиева почина на 86 годишна возраст. Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана утре на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.
Родена е во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други.