Пејачот Петар Грашо (48) чека второ дете со 14 години помладата Хана Хуљиќ, а сега го откри и полот на детето. Имено, тој откри дека летово ќе добие син, додека во 2022 година станаа родители на девојче на кое и го дадоа името Алба.
Грашо раскажа и како се чувствува Хана во моментов.
"Како е Хана? Како и секоја трудница. Еден ден јаде кроасани, другиот ден не сака кроасани. Потоа еден ден мојот парфем мириса одлично, следниот ден е ужасен. Претпоставувам дека така треба да биде“, рекол тој додека за ќеркичката рекол дека се труди да ужива во секој момент поминат со неа.
„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела, донесе нешто посебно во нашиот живот“, рекол Грашо.