Ричард Старки (Ринго Стар), тапанарот на познатите „Битлси“, бил девет години во брак со Морин Старки, со која има три деца. Сепак, неговата најголема љубов е американската актерка Барбара Бах, која ја запознал на снимањето на филмот „Пештерски човек“ во 1980 година.
Популарниот тапанар подоцна признал дека го привлекувала Барбара од моментот кога таа се појавила на аеродромот во Лос Анџелес, и покрај тоа што и двајцата веќе биле во врска во тоа време. Сепак, тие не обрнале внимание на критиките.
Пред нивната венчавка доживеале сообраќајна несреќа која им го променила животот со оглед на тоа дека за малку ќе загинеле. Имено, Ринго Стар излетал од патот за да го избегне камионот и удрил во два столба пред двапати автомобилот да се преврти.
По несреќата следувало закрепнување, но и свадба. Парот го кажа своето судбоносно ДА на 27 април 1981 година, а меѓу гостите биле Пол Макартни и Џорџ Харисон.
Тоа било „горчливо“ обединување само неколку месеци откако Џон Ленон беше убиен. Велат дека луѓето дошле на свадбата во црно и дека поради неговата смрт атмосферата била премногу траорна.
Во доцните 1980-ти, Барбара и Ринго заедно биле на клиника за рехабилитација, а потоа целосно го промениле својот живот. Станале вегетаријанци и почнале да поддржуваат бројни организации кои им помагаат на оние кои се борат со пороци. Барбара и Ринго Стар се во брак 42 години, а кога ги прашале која е тајната на нивната врска, актерката кратко одговорила: 'Го сакам тој маж и тоа е тоа'.