Принцезата од Велс Кејт Мидлтон неодамна се појави во јавноста откако во март објави дека има рак и дека почнала со хемотерапија. Бидејќи со месеци се криеше, сите едвај чекаа да ја видат саканата принцеза.
Кејт изгледаше прекрасно, нејзината прекрасна, бујна коса беше собрана во елегантна пунџа и имаше насмевка на лицето. Сепак, она што привлече посебно внимание е нејзината коса.
Со оглед на тоа што во текот на хемотерапевтскиот процес опаѓањето на косата е карактеристично и за многу кратко време, многумина се изненадија што тоа не и се случи на принцезата. Веднаш на социјалните мрежи почнаа да кружат нови теории на заговор за тоа што навистина се случува со Кејт Мидлтон.
„Не сите видови на хемотерапија предизвикуваат опаѓање на косата. Само одредени типови предизвикуваат опаѓање на косата бидејќи влијаат на клетките кои брзо се размножуваат“, вели Керолин Гераги, медицинска сестра во Cancer Research UK, пренесува Мирор.
Како што додала таа, оваа терапија може да ги истенчи и влакната од другите делови на телото. Исто така, на јавноста не и е познато какви и кои лекови зема принцезата во процесот на лекување.
„Меѓутоа, во некои случаи, хемотерапијата не предизвикува опаѓање на косата, туку проретчување, но ова е привремено. Откако ќе се прекине третманот, косата почнува да расте повторно. Бидејќи деталите од превентивната хемотерапија на која принцезата од Велс била подложена не се објавени, можно е лековите што ги земала да не биле доволно силни за да предизвикаат опаѓање на косата“, објаснила Керолин за британските медиуми.