Сите студенти понекогаш се во искушение да ги потрошат парите наменети за книги, пријави за испити или други ставки од нивната листа со задачи за колеџ, но студент од провинцијата Жеџијанг во Источна Кина дефинитивно ја преминал границата.
Имено, студентот Џианг (21) е осомничен за серија измами на 63 хотели, а во моментов се чека одлуката на обвинителството за понатамошна истрага. Откако го напуштил факултетот во септември минатата година, Џианг парите планирани за неговото образование ги потрошил на патувања, но кога ја испразнил својата „касичка“ дошол до не толку чесна, но искрено генијална идеја.
Според „South China Morning Post“, Џианг решил да измами многу хотели ставајќи „реквизити“ во собите како што се мртви бубашваби, прамени коса и користени контрацептиви, а на крајот му наплаќал на хотелот за наводни хигиенски проблеми.
„Во период од 10 месеци, Џианг често престојувал во хотели, понекогаш се чекирал во три или четири различни во еден ден. Потоа подметнувал инсекти, влакна и други работи за да може да се пожали на „нехигиенските услови“. Потоа барал бесплатно сместување или компензација“, изјавил анонимен полицаец од Џеџијанг.
Оваа приказна да се каже така „пиела вода“ се додека менаџерот на хотелот Ке не го пријавил кај властите затоа што се обидел да му наплати 400 јуани (околу 55 долари).
„Откако разговаравме со претставници на други хотели, забележавме повторлива шема“, рекол член на персоналот во еден угостителски објект.
По прелиминарната истрага, полицијата го уапсила Џианг, а при претресот пронашла 23 пакети со мртви инсекти и користени кондоми. Откако полицијата стапила во контакт со хотели низ пет провинции за да собере докази, самиот Џијанг признал дека „извршил“ 63 измами и заработил околу 38.000 јуани (околу 5.200 долари) во тој процес.