Веднаш му направиле томографија, а скенирањето покажало дека во црниот дроб е заглавен „остар предмет“, долг девет сантиметри.
Човекот им рекол на лекарите дека нема поим како „предметот“ влегол во неговото тело, а набрзо била направена лапароскопска процедура, пренесува Oddity Central.
Хирурзите биле изненадени кога извлекле - парче стакло.
„Бевме збунети кога видовме стакло со остри рабови на ендоскопскиот монитор. Беше покриено со сврзно ткиво, што е нормално. Во такви случаи се развива асептично воспаление и околу туѓиот предмет се формира ’капсула’ која го одвојува од здравото ткиво“, објаснуваат лекарите.
Неименуваниот пациент очигледно имал многу среќа што стаклото не повредило ниеден орган, ниту пак предизвикало воспаление и сепса.
Man Who Lived in Pain for 9 Years Had a Glass Shard Embedded in His Liver https://t.co/ohzIlTB1U5 pic.twitter.com/AODgZZ8deh
— ✪ⓏⒶⒾⓇⓄⓁ✪ (@zairolhamisam) July 22, 2024
Фотографијата од „туѓ објект“ стана вирална на мрежите, оставајќи ги луѓето во шок и чудење како мажот трпел болки девет години, пред да се обрати до лекарите.