Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Посетиле 27 држави за 15 месеци, а не влегле во авион- потрошиле неверојатно малку пари (ФОТО)

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тие посетија 27 земји во период од 15 месеци, но никогаш не летаа со авион.

Овие млади луѓе сакале да го намалат својот „јаглероден отпечаток“, па користеле алтернативни средства за патување.

 „Ние сме автостопери со чамци“, изјави Адријан за медиумите.

Имено, еден од нивните неконвенционални аранжмани вклучувал договор со капетан на брод, кој бил воспоставен преку Фејсбук.

Со своето патување не влијаеле на околината, а заштедиле значителна сума пари. Томазо и Адријан потрошиле по 7000 евра додека патувале низ светот!

Дуото се одлучило за поинаква „тактика“ мотивирана од еколошката ситуација, а особено ги изненадил фактот што авионите испуштаат околу 90 килограми CO2 по патник на час, пренесува Times Now News.

Решиле да не бидат дел од „таква приказна“ и се потпирале на различни начини на транспорт.

Нивната авантура била вистински предизвик и нималку едноставна. Семејствата биле загрижени, бидејќи испловиле преку Атлантикот и немале претходно искуство.

„Бевме погодени од ветрови, бури и огромни бранови. На почетокот беше страшно, мислевме дека ќе се превртиме“, изјави Томазо.

И покрај тешкотиите, тие го продолжиле своето патување преку Пацификот, со цел да стигнат до Австралија. Попатно застанале на разни острови споделувајќи ги своите искуства на Инстаграм.

„Сакаме да создадеме надеж за иднина каде што луѓето, животните и природата напредуваат заедно“, објасни Томазо.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ