<b>ОВЕН</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Среда! Добра вест за вашиот знак оваа недела: од среда планетата Меркур повторно ќе биде активна во ваша корист! Ако во месец јуни немаше недостиг од потешкотии, особено во делот на работата, сега ќе можете да ги најдете најдобрите решенија и вистинските можности за продолжување на вашите проекти. Повеќе тензии во љубовта: неповолната Венера внесува нервоза во вашиот живот во пар…
<b>БИК</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Понеделник! За жал оваа недела планетата Меркур ќе ви го заврти грбот: во наредните недели нема да ви биде лесно да го потврдите вашето гледиште и, особено на работното место, може да наидете на некакво противење. Обложувајте се во среќните денови понеделник и вторник, кога убавата Месечина ќе ви даде многу дополнителна среќа. Љубовта ќе цвета, благодарение на поволната транзитна Венера која ширум ги отвора срцата!
<b>БЛИЗНАЦИ</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: четврток! Почнувајќи од среда планетата Меркур ќе направи поволен транзит за вашиот знак: во наредните недели – исто така благодарение на влијанието на Јупитер – би можеле да пристигнат некои дефинитивно возбудливи вести! Среда и четврток се особено среќни денови, кога ќе имате и среќна Месечина во вашиот знак. Возбудливи средби на хоризонтот за осамените…
<b>РАК</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: петок! Ве очекува интересен почеток на неделата: во понеделник и вторник со среќна Месечина, заедно со Меркур, ќе ви дадат добра вест или можност која треба веднаш да ја искористите. Понатаму, меѓу петок и сабота, и Месечината ќе биде во вашиот знак: ве очекува возбудлив викенд, се во име на страста! Венера во конјукција прави да се чувствувате поромантично и позаводливо од кога било и ќе биде невозможно да ви се каже „не“!
<b>ЛАВ</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Недела! Дали сте подготвени да го пречекате Меркур во вашиот знак? Почнувајќи од среда, спојот на оваа планета ќе внесе убав здив во вашиот живот: нови состаноци, можности, стимулативни разговори… во канцеларија ќе бидете број еден, а во приватниот живот крал/ица на забавата ! Конкретно во недела, кога и Месечината ќе биде во конјункција, вие ќе бидете вистинска бомба од енергија!
<b>ДЕВИЦА</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Понеделник! На работа во овој период има предизвици и промени: не плашете се, дури и ако во моментот имате обврска (која ја мразите) да ја изгубите контролата, сè ќе оди добро. Најсреќните денови во неделата ќе бидат понеделник и вторник, додека тензиите би можеле да настанат меѓу среда и четврток, кога Месечината ќе биде во неповолна положба.
<b>ВАГА</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Среда! Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот „непријател“ на Рак за да се пресели во знакот „пријател“ на лав: тоа ќе биде дефинитивно поволен транзит, кој ќе ви донесе добра енергија и нови можности, особено на работното место. Дополнително, ќе бидете наградени и со наклонетоста на Јупитер, планетата на среќата… Обрнете внимание само на петок и сабота, кога неповолната Месечина и Венера би можеле да доведат до расправии особено во љубовниот живот.
<b>СКОРПИЈА</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: петок! Вашата недела започнува со два особено стресни денови: во понеделник и вторник, всушност, Месечината во опозиција може да донесе некои неочекувани настани. Поволна Месечина, пак, во петок и сабота, која ќе донесе поопуштена атмосфера. Меркур, за жал, ви го врти грбот, комплицирајќи ја комуникацијата со оние околу вас… За среќа, Венера ќе се погрижи да го олесни дијалогот, барем во љубовниот живот!
<b>СТРЕЛЕЦ</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Понеделник! Доколку спротивставувањето на Јупитер во овој период доведе до дополнително забавување на вашите професионални планови, оваа недела – почнувајќи од среда – на ваша поддршка ќе дојде планетата Меркур, подготвена да ви даде убави можности за средба и нови сојузници. Се разбира, сè нема да се реши веднаш, но тоа ќе биде добар почеток! Пазете се од нервозните денови со спротивна Месечина: среда и четврток.
<b>ЈАРЕЦ</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Вторник! Конечно оваа недела – почнувајќи од среда – планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак и малку по малку ќе можете да го оставите зад себе стресот од последниот период, особено во однос на професионалната сфера. Во љубовта, за жал, сепак ќе треба да го издржите противењето на планетата Венера, што ќе доведе до жестоки расправии со партнерот за време на викендот.
<b>ВОДОЛИЈА</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: Среда! За жал, оваа недела планетата Меркур ќе влезе во спротивставеност на вашиот знак, започнувајќи комплициран месец јули во однос на вашите меѓучовечки односи: нема секогаш да биде лесно, всушност, да ја потврдите вашата гледна точка и да најдете договор на работа, како и во семејството. Посебно внимавајте на недела, кога и Месечината ќе биде спротивна, а нервозата вртоглаво ќе расте…
<b>РИБИ</b>
Среќен ден во неделата според ѕвездите: петок! Ѕвездите во овој период ги фаворизираат чувствата: убавата Венера во „пријателскиот“ знак Рак внесува здив на страст во вашиот живот! Петок и сабота се особено романтични, кога на ваша страна ќе ја имате и Месечината. Некои дискусии или неочекувани настани на работа помеѓу среда и четврток, кога веќе нема да можете да сметате на поддршката од Меркур и Месечината ќе ви го сврти грбот.