Основачот на Амазон, Џеф Безос, неговата свршеница Лорен Санчез и риалити ѕвездата Ким Кардашијан се забавуваат на одмор во Грција, а се видени како возат скутери по Егејското Море.
60-годишниот Безос носел елек за спасување и гаќички за капење, додека неговата 54-годишна вереница за оваа пригода избрала мини бикини во златна боја.
Парот, кој се вери во мај минатата година, помина активен ден на истата мегајахта како и Ким Кардашијан со своите пријатели. Ким папараците ја фотографираа и на џет ски, а секако направи и неколку селфи фотографии.
Безос и неговата Лорен беа забележани на Миконос пред две недели, а потоа странските медиуми објавија дека живеат на неговата суперјахта.
„Лорен е видена како лета со хеликоптер до и од нивниот чамец, каде што ги чуваат сите нивни „играчки“ - хеликоптери, глисери и други „водени играчки““, откри извор за Page Six.
А кога не се забавуваат на вода или во воздух, уживаат во романтичните прошетки низ островот и вечерните излегувања. Не е познато кога Кардашијан им се придружила во таа романтика...
Дека ријалити ѕвездата и поранешната новинарка се блиски најдобро говори фактот што Лорен беше дел од блискиот круг на пријатели со кои Ким го прослави роденденот во една од епизодите од петтата сезона на нејзиното реално шоу „Кардашијан“ . Лорен и Безос се пријатели со ријалити ѕвездата со години, а во 2022 година беа видени на двоен состанок, а една година подоцна посетија и концерт на пејачката Бијонсе.
Во септември 2023 година тие беа видени заедно на вечера во Њујорк, а потоа им се придружи Ники Хилтон, сестрата на познатата богаташка Парис Хилтон.
Кардашијан и Санчез станаа пријателки откако на аукција лицитираа ист фустан од Баленсијага. Тоа беше шестцифрена сума, а Кардашијан тогаш ѝ довика на Лорен: "Ќе го поделиме! Ти еднаш ќе го носиш, а потоа јас еднаш. Ќе биде навистина слатко . Останатото е историја, пишува Јутарњи.хр.