Дека миленичињата се навистина сакани како членови на семејството, многупати е докажано во конкретни примери.
Меѓутоа, едно српско семејство толку многу го сака своето куче што решиле да одат чекор понатаму. Кучето Тоди имал среќа во животот кога наместо некаде да биде врзан за ограда, станал вистинска атракција и омилен член на домаќинството Младеновиќ во селото Заклопача во Гроцка.
На третиот роденден неговото семејство организирало огромна забава, на која пристигнале речиси 100 гости со подароци.
- Го сакам најмногу на светот, а бидејќи луѓето прават се и сешто, решив да направам забава за мојот непроценлив миленик, а не би го менувал ни за стан во Белград или Беверли Хилс. Тоа е француски булдог и јас на почетокот бев против, но кога син ми го донесе, еднаш ми скокна во скут, почна да ме бакнува и не ме остави, така се заљубив во него, вели Небојша Младеновиќ за Агенцијата РИНА.
Иако Нешо на самиот почеток бил резервиран кон Тоди, со текот на времето станале вистински пријатели и сериозни партнери.
-Тој е многу приврзан за мене и кога ќе се приближам до дома го чувствува тоа, верувале или не, на три километри, кога ќе стигнам таму тој скока во автомобилот, сам го крева и спушта прозорецот, едноставно нема да верувате, а кога сум најлут доаѓа кај мене, ме бакнува и ми дава сила да продолжам, вели Младеновиќ.
Иако изгледа како обично куче, Тоди патувал на многу светски дестинации.
- Кај и да одиме на море, го носиме со нас. Од земјите на Европската Унија до возење со глисери, а што е многу важно, тој има пасош и сите потребни документи за да може слободно да патува, иако има унгарско потекло, истакнува Нешо.
А мештаните на Заклопача кај Гроцка долго ќе паметат дека на третиот роденден на едно куче пристигнале близу 100 гости. Забавата била одлична, а подароците само се ределе.
Дали биле коски, разни играчки, гардероба за кучиња или бели пликови - тоа го знаат домаќините.