По неговото пристигнување во Реал Мадрид, француската фудбалска ѕвезда и Килијан Мбапе доби утлтра луксузен службен автомобил, како и другите играчи, тренерот Анчелоти и претседателот на клубот Перез.
Имено, според спонзорскиот договор со БМВ, тие имаат по еден БМВ автомобил по сопствен избор, кој ќе го користат додека се во тој клуб. Единственото ограничување е тоа што моделот мора да биде електричен.
Француската суперѕвезда Мбапе беше претставен како најново засилување на „Кралскиот клуб“ од Мадрид на почетокот на овој месец по повеќегодишни шпекулации кои го поврзуваа со преселба во шпанската престолнина.
Играњето за најголемиот клуб во светот носи многу придобивки. Еден од нив е подарок од една од најпрестижните автомобилски марки БМВ, благодарение на тригодишниот спонзорски договор што Реал го има со германскиот производител.
Според шпанска Марка, Мбапе ќе има луксузна лимузина BMW i7 M70 xDrive, чија цена е околу 200.000 евра.
Овој електричен автомобил има два мотори, едниот на задната оска со 489 КС, а другиот на предната со 258 КС.
Од 0 до 100 забрзува за неверојатни 3,7 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 km/h.
Ниту една ваква екстраваганција не е толку интересна како податокот кој изненадува - имено, Килијан Мбапе нема возачка дозвола, па нема да може самиот да го вози ова БМВ.