Кејт Мидлтон дошла во болница и лично им се заблагодарила на лекарите и медицинскиот персонал за лекувањето.
Ненадејната официјална соло посета, прва на принцезата во 2025 година, е опишана како важен момент во „личното патување“ на Кејт.
„Само што реков, ќе одам на главниот влез овде, по толку тивки, приватни посети, всушност е многу убаво чувство“, рече таа.
Кејт се сретнала со медицинскиот персонал и поминала околу еден час разговарајќи со персоналот и со пациентите.
Кејт во болницата се појавила во видно весело расположена, облечена во бордо ролка и здолниште.
Посетата на Кејт на болницата доаѓа откако принцот и принцезата од Велс беа објавени како нови заеднички покровители на Фондацијата на Royal Marsden NHS Trust.