Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Јутјубер фрлил јајце во вселената- чуден крај на интересен експеримент (ВИДЕО)

23 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сакал да воодушеви повеќе од 57 милиони свои следбеници - и поставил рекорд, фрлајќи пилешко јајце во вселената!

Роберт за „лансирањето“ користел метеоролошки балон, а најмногу внимание посветил на подлогата што ќе го заштити јајцето на неговото патување.

Изолацијата требаше да го заштити од удар при враќање на Земјата, но и од смрзнување при ниски температури, пренесува Unilad.

Невообичаеното патување се одвивало без проблеми, сѐ до моментот кога се заплеткале јажињата на балонот и тој почнал да се враќа на Земјата со брзина од 240 km/h.

Два часа по полетувањето, Јутјуберот гледал што се случува на небото со двоглед и се надевал дека „системот за заштита“ ќе ја заврши работата.

Нема да откриваме детали, но ќе кажеме дека експериментот бил успешен, бидејќи јајцето се вратило од вселената во едно парче!

Погледнете што се случи, а ние треба да го почекаме следниот експеримент на Роберт, бидејќи тој вети дека ќе го стори истото - но на Марс.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ