Мајката го донела синот во болница бидејќи тој тврдел дека го проголтал клучот од шкафот, но вистината била многу побизарна.
Младиот човек во раните дваесетти завршил на ултразвук, кој открил дека во неговиот стомак има неколку метални предмети.
Наредена е итна операција, а од стомакот на пациентот извадени се клучеви, грицкалка и острилка.
И покрај деликатната операција, пациентот добро закрепнува, пишува Њујорк пост.
Мајката смета дека за сѐ е виновна „зависноста на младиот човек од социјалните мрежи и интернетот“. Тој тврди дека времето кое го поминува пред екранот влијаело на неговото ментално здравје.
Лекарите ја поддржале теоријата, додека официјалната дијагноза останува мистерија.
Од друга страна, се шпекулира дека пациентот боледувал од нарушување, кое се карактеризира со конзумирање на нешта кои не се јадат.