„Лос Анџелес, стоиме со вас“, објави кусо фондацијата на Инстаграм доцна синоќа.
Парите се наменети за поддршка на семејствата во населбите Алтадена и Пасадена кои ги загубија своите домови. Помош ќе добијат и црквите и прифатилиштата што им пружаат засолниште и поддршка на погодените лица во тоа подрачје.
Во пожарите во Лос Анџелес досега се потврдени најмалку 24 загинати луѓе, како и огромно распространето уништување изминатата недела. За следните денови, метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да го разгорат пламенот.