Таа потрошила 41 илјада евра на своите тетоважи кои го покриваат речиси секој сантиметар од нејзиното тело.
Покрај тетоважите кои покриваат 95 отсто од нејзиното тело, Беки истетовирала и дел од лицето, освен носот, пределот околу носот и усните и дланките, а пред тоа изгледала поинаку.
Британката пред осум години позираше во венчаница на ревија за тетоважи во Лондон, а многумина беа изненадени од тоа како изгледала со многу помалку тетоважи отколку што има сега.
Инаку, Беки, која на Инстаграм ја следат 150.000 луѓе, во претходните интервјуа признава дека ја критикувале поради нејзините тетоважи и дека луѓето мислеле дека е во банда, но и дека ѝ е забранет влез на некои јавни места.
„Кога бев во Турција, јас и мојот пријател одевме до бар. И двајцата имаме тетоважи на лицето и местото беше празно, но чуварот рече дека е полно и не можеме да влеземе“, рече таа.