<b>Барон е висок 206 см, стана бруцош и се смета за мозокот зад додворувањето на Трамп на генерацијата Зед.</b>
Светот првпат се запозна со лицето на Барон Трамп во раните утрински часови на 9 ноември 2016 година. Во тоа време тој беше сонливо десетгодишно детенце кое се обидуваше да не кимне со главата на сцената за време на победничкиот говор на Доналд Трамп.
Неговата коса беше совршено исчешлана и залижана на страна, правејќи го да изгледа како мини верзија на својот татко.
Осум години подоцна, синот единец на новоизбраниот претседател со сопругата Меланија Трамп порасна речиси двојно (сега е висок 206 см), стана бруцош и се смета за главниот мозок позади Трамповото додворување на генерацијата Зед.
Тој нема дадено ниту едно интервја и многу се шпекулира каков е неговиот глас денес. Како дете, Барон звучел како мајка му, која е од Словенија.
- Поголемиот дел од времето го поминува со мене, па... - објаснила Меланија на Си-ен-ен во 2010 година.
Да се вклопиш на универзитет кога татко ти е избран за претседател не е лесен подвиг, но на работите не им помага ни фактот што Барон на колеџ оди со црн теренец придружуван од агенти на тајната служба.
18-годишникот одлучи да не се пресели во заедничкото сместување во кампусот на NYU, туку да остане во кулата Трамп, каде што зазема цел кат од пентхаус.
Времето на Барон во центарот на вниманието не беше секогаш толку розово, а неговата мајка Меланија во своите нови мемоари тврди дека медиумското внимание и гласините околу него како млад предизвикале „ненадоместлива штета“.
Во 2016 година, имаше шпекулации на интернет дека Барон Трамп можеби е аутистичен откако се појави видео на кое тој наводно покажува тикови поврзани со аутизам.
Огнот го подгреа комичарката Рози О'Донел, која коментираше:
- Барон Трамп е аутист? Ако е така - каква неверојатна можност да се привлече вниманието на епидемијата на АУТИЗАМ, напиша таа.
Барон Трамп дипломирал на неколку престижни училишта. Додека живеел во Њујорк, тој го посетувал училиштето Columbia Grammar and Preparatory во Менхетен. Се преселил во Вашингтон во Белата куќа поради претседателството на неговиот татко. Потоа бил дел од училиштето St. Andrew’s Episcopal. Годишната школарина била 40.000 долари. Дипломирал на Академијата Оксбриџ во Палм Бич...
Иако посетувал најпрестижни училишта, тоа не значи дека не бил изложен на одреден притисок.
Минатата година Меланија го бранеше својот син откако професорката од Универзитетот Стенфорд, Памела Карлан, за време на сослушувањето за импичмент на Доналд Трамп рече: „Претседателот може да го нарече својот син Барон, но не може да го прогласи за барон“.
- Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политиката. Памела Карлан, треба да се срамите од вашиот гнев и бесрамното пристрасно јавно омаловажување и употреба на дете - одговори г-ѓа Трамп на мрежата Икс, која на денот на изборите објави фотографија од нејзиниот син од гласачките места, откако наследникот на звучното име го искористи своето право на глас за прв пат.
Денес, Барон е окарактеризиран како паметен, технолошки писмен тинејџер кој е вовлечен во културниот дух на времето. Иако нема јавни профили на социјалните мрежи, Барон, според неговиот татко, е „крал на интернетот“.