Во последните години убавината станува императив, а жените сакајќи да ги достигнат нереалните стандарди кои им се поставени, прифаќаат различни методи на разубавување.
Како да не е дозволено природно стареење, па дамите се трудат да ја отстранат секоја брчка и неправилност од своето лице и тело. Овие интервенции се исто така прилично скапи. Оние кои немаат пари, како совршените светски убавици што ги гледаат во списанијата, тоа го прават со бројни и непроверени методи.
Сега е откриен тотално шокантен метод кој се повеќе жени го користат за да ги „испеглаат“ брчките.
Можеби не сте знаеле, но жените почнале да користат правосмукалка за да го спречат стареењето... Низ историјата постоеле различни методи кога станува збор за нега и подмладување, естетските корекции веќе не се непознати, но „вакуумот“ се уште е.
"Никогаш не треба да го правите ова дома бидејќи може да предизвикате модринки на лицето. Знаеме за што се користат правосмукалките, ова може да предизвика само инфекции на лицето, но и проширување на капиларите на чувствителната кожа. Вакуумот е премногу силен за лицето“, рекла српската докторка Нина Миќиќ во едно тв-гостување.