Станува збор за цртежи кои „скокаат“ од ѕидовите, а огромен сребрен балон, направен во Токио, изгледа особено импресивно, пренесува Newsweek.
Медлин Андрен објави видео од балон во Токио - во форма на бројот пет и ги збуни гледачите. Брзо стана вирален хит и „собра“ повеќе од 3,7 милиони прегледи.
@madeleineandren Best street art I’ve ever seen. This is in Tokyo, Japan ✨
♬ original sound - Jai Howitt
Како што камерата се приближува до ѕидот, се чувствувате како балонот да „лебди во воздухот“, но всушност станува збор за 3Д графити.
„Никогаш не сум видел вакво нешто“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Ова е неверојатно! Мојот мозок одбива да го прифати фактот дека тоа е цртеж“.
Медлин откри дека графитот го снимила во близина на „Бифмен бар“, а на Инстаграм страната на споменатиот уметник можете да погледнете како изгледа процесот на изработка.