Ангел Анѓушев, син на професорот и бизнисмен Кочо Анѓушев, е менаџер на една од компаниите во групацијата, на Грин Машинс, фабрика која произведува возила за чистење на јавен простор и бележи извоз од над 90% на своето произвоидство низ Европа, САД па се до големи глобални турустички центри.
За разлика од многумина синови, особено успешните кои се школувани на престижни странски универзитети, и кои за прво работно место во фирмите на своите родители имаат фотеља во менаџментот, Ангел Анѓушев почнал од нула, од примарниот производен процес:
“Почнав од најтешкиот дел во фабриката, меѓу бучни машини, прашина... а се бара голема прецизност во рабоатата за производот каде што мала грешка прави големи загуби и мислам дека тоа беше една тест од таткоми за мене каде година дена морав да поминам низ тоа, низ оган, за потоа се да ми биде полесно“
“Средно образование завршив во Скопје, но во нашето семејство владее ставот дека обрзованието е многу важно и оттаму мислата братми и јас да студираме надвор, не само дали е таму образованието по квалитетно, и заради повисоките рејтинзи на тие факултети туку и за да го видиме светот, да упиеме некои карактеристики, други начини на размислување и други култури и да видиме како успените размислуваат... јас имав прилика тоа да го правам во две држави. Првата држава, Германија, е таа во која поминав високо образование на универзитетот во Ахен.
Потоа заминав за Виена. Студирав машинство, и за разлика од општетсвените науки машинството кое се учи таму е компатибилно со ова тука, нема повеќе правци и размислувања, законите на природата, на механиката... се исти за сите...“
Ангел ја обаснува сегашната и развојна политика на еколошките машини, возила на групацијата Брако, односно на Грин Машин:
“Целта ни е да имаме производи со висока додадена вредност, со што повеќе технологија во себе. Во 2020 година ние бевме првата компанија во светот која произведе и разви вакво возило кое се движи со хидроген и кога ќе биде следниот (технолошки) скок во светот ќе бидеме меѓу првите...
Нашиот производ го продаваме во повеќе од 50 државиво светот а во последниве четири години оснивавме своја компанија во САД, во Сан Диего во Калифорнија, од каде настапуваме на американскиот пазар и присутни сме во десетина од американските сојузни држави и целта ни е до 2030-та година да бидеме присутни со нашите возила во сите 50 држави во САД... Европа, Велика Британија, источна Азија ни се веќе традиционални пазари.“
Целото интервју можете да го погледнете на Јутјуб: