Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Желјазков: Ништо не е решено, преговорите за состав на влада се уште траат

14 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кандидатот за премиер од редовите на ГЕРБ, Росен Желјазков изјави дека преговорите се уште траат и дека ништо не е завршено.. ГЕРБ досега постигна начелен договор со БСП-Обединета левици и со Има таков народ на Слави Трифонов, а во моментов интензивно се разговара и со движењето „Алијанса за права и слободи“ на Ахмед Доган. 

Желјазков рече дека списокот со имињата на министри е подготвен, но останува неизвесно дали ќе ја имаат неопходната поддршка. Утре напладне Радев ќе му го врачи првиот мандат за состав на влада на Желјазков, како претставник на партијата која победи на изборите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ