Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Во Подгорица се одржува „Парада на гордоста“: Каде се нашите права?

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Дванаесеттиот Монтенегро Прајд под слоганот „Кои се нашите права? почна во 13.00 часот,  а сега е во тек прошетката низ центарот на градот, јавува РТЦГ.

Поворката тргна од плоштадот „Независност“ по улицата „Слобода“, потоа булеварот „Свети Петар Цетињски“ и булеварот „Станко Драгојевиќ“, каде што ќе се сврти и ќе помине низ улицата „Бокешка“.

Организаторите на парадата претходно изјавија дека целта на настанот е да се сврти вниманието кон правата на ЛГБТ+ заедницата и нивната борба за еднаквост и самоопределување, со акцент на клучните барања за донесување на Законот за правно признавање на родовиот идентитет заснован на самоопределување.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ