Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Шестмина туристи починаа од топлотен бран во Грција, се трага и по исчезнати лица

24 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како резултат на високите температури, кои достигнуваат и до 40 степени целзиусови, од почетокот на месецов во Грција починале шестмина туристи, а неколкумина се водат за последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит, соопшти денеска полицијата.

Како што објавуваат грчките медиуми, спасувачките екипи трагаат и по две Французинки, на возраст од 73 и 64 години, на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на одмор на островот Аморгос. Претходно, уште еден Американец бил пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонското море минатата недела, а холандски турист на егејскиот остров самос претходно овој месец..

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ